Објасниле како мажот треба да ја истепа жената ако е непослушна: „Тоа е вистински благослов“

На мажите од муслиманска вероиповест им е дозволено да ги тепаат жени ако не се послушни, а насилството во семејството се смета за „прекрасен блафгослов“, велат жените од една радикална исламистичка група, пишува Дејли Меил.

Членките на муслиманската радикална група Хизб ух-Тахрир во Сиднеј снимиле видео во кое тврдат дека на мажите им е дозволено да ги тепаат жените.  Двете жени на снимката објаснуваат дека насилството во семејството е „симболистички акт“. Во еден момент на снимката дури демонстрирала како се користи стап кој го нарекуваат „сиваак“ кој мажот може да го користат за непослушните жени.

Останатите методи за казнување на жените вклучуваат користење на шал или парче ткаенина со кои ќе се тепаат жените. Едната од жените на снимката рекла дека тепањето е всушност благослов.

„Непослушноста кон мажот, неморален чин или изневерување, примање во домот некој кој не му се допаѓа на сопругот, немање зготвено јадење“, се работите кои ги набројала жената како пример за кои жената треба да биде казнета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега