Обилните дождови предизвикаа поплави и во Романија- најмалку еден загинат

Обилните дождови што ја погодија Романија во последните 24 часа предизвикаа поплави во 12 области и однесоа една жртва на северо-истокот на земјата.

Телото на удавен човек е иизвадено од реката кај селото Хандрести, во округот Јаси, соопшти денеска Генералниот инспекторат за вонредни ситуации на Романија (ИГСУ).

Поплавите ги зафатија областите Алба, Брашов, Караш-Северин, Дамбовица, Доj, Хунедоара, Јаси, Марамурес, Мурес, Неамт, Прахова и Темис.

Покрај тоа, електричната мрежа е оштетена во 22 области и погоди околу 7.000 потрошувачи, пренесува новинската агенција Аџерпрес.

Патиштата низ целата земја се оштетени од поплавите и паднатите дрвја.

Чистењето сè уште трае во неколку области, како што објави IGSU.

20.07.2021 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега