Обилни дождови и поплавени подруми: Граѓани сведочат за невремето во Кавадарци

Поплавата ни донесе метар и седумдесет сантиметри висока вода во подрумот, поплавени се работите што ги чувавме внатре. Вака изјавија денеска за МИА најблиските на кавадарчанката Менча Точкова, чија куќа била на удар на невремето што го зафати синоќа Кавадарци. Објектот се наоѓа веднаш до кавадаречката централна градинка, кај кејот на реката Луда Мара.
 
 
Но, реката овојпат не била излеана, иако, како што се раскажува во Кавадарци, во минатото знаела често да збесне и да предизвика поплави, а поради тоа го добила и името Велика. Во 1934 година ја однела и општинската зграда.
 
 
Според Точкови, синоќа поплавата била од поројни дождови од улицата, кои влегле во најнискиот дел од објектот.
 
 
-Подрумот беше полн со вода, не две или три педи, буквално полн. Вистински хаос. Никогаш порано не се наполнил толку многу вода од поројни дождови. Работите што ги чувавме во подрумската просторија, што се вели, пливаа внатре. Поплавата е пријавена кај надлежните служби и очекуваме комисија да ја утврди причинетата штета и причините за неа, рекоа Точкови.
14.08.2022 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега