Обидувајќи се да ги спаси своите овци, скопјанец се здобил со струен удар

 

Скопјанец се здобил со струен удар спасувајчи ги своите овци од бакарна гола жица која излегувала од дворот на негов соселанец.

-Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, 54 годишен маж од Скопје пријавил дека во село Говрлево додека ги напасувал неговите овци забележал како три овци движејќи се покрај патот паднале и при обид да ги извлече се здобил со мал стурен удар без последици, при што пријавителот забележал бакарна гола жица закачена на бандера за струја во дворно место од викенд куќа сопственост на Т.Т.(58) од Скопје. Од екипа од ЕВН било констатирано дека е извршена кражба на електрична енергија и дека голата бакарна жица била под напон од електрична енергија, по што електричната енергија била исклучена, а документирана кражба на електрична енергија. Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од СВР Скопје во текот на денешниот ден - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега