Обид за убиство во струшко: По караница, со пушка пукал во соселанец

На 25 ноември годинава се случил обид за убиство во струшкото село Велешта, кога И.Ќ. со пушка пукал кон Б.Д. и притоа му нанел тешки телесни повреди.
Како што информира МВР, на 25.11.2022 година, во куќа во Велешта, И.Ќ. се сретнал со Б.Д. од истото село и по меѓусебна расправија околу нерасчистени долгови, со пушка пукал кон Б.Д. нанесувајќи му тешки телесни повреди.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Ќ.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

 

 
 
 
29.11.2022 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега