Обид за убиство во Батинци- со калашников и пиштол пукано кон автомобил

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.

„Тројцата на 22.10.2018 година во село Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило БМВ 750 со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.

Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка.“ стои во соопштението

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега