Обид за силување во тетовско: Двајца другари убедиле девојка да влезе во нивното возило, па едниот ја нападнал

Денешниот билтен на МВР бележи и обид за силување во тетовско, каде двајца пријатели од село Теарце додека се возеле низ селото ја повикале жртвата која подоцна ја однеле во селото Варвара и едниот од нив се обидел да ја сулуваат.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н. (21) од Теарце – Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 9 јуни годинава пријавениот во два наврата се обидел да изврши полови дејствија над оштетената од Теарце – Тетово. Имено заедно со неговиот пријател Б.Т.(25) од истото село, додека движејќи се со патничко возило „опел корса“ управувано од Б.Т., пријавениот телефонски ја повикал да дојде во близина на спортска обложувалница, а кога пристигнала пријавениот ја убедил да влезе во возилото и сите тројца се упатиле кон Варвара. Кога пристигнале во Варвара тројцата излегле од возилото и пријавениот со Б.Т. се обиделе да извршат полови дејствија, по што оштетената успеала да ги оттурне од себе. Потоа сите тројца влегле во возилото кое го управувал Б.Т. и се упатиле во правец кон с.Теарце–тетовско, при што пријавениот повторно се обидел да изврши полови дејствија над неа и физички ја нападнал, но не успеал во намерата, се наведува со полициското соопштение.

Насилниците кога пристигнале пред спортската обложувалница, насилно ја извадиле надвор од возилото, а пријавениот и упатил закани дека ќе објави нејзини слики на интернет, доколку раскаже на некој за настанот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега