Обележани сите службени возила на Бања Лука: Градоначалникот порача- „Граѓаните имаат право да видат што е купено со нивни пари“

Од понеделник, сите службени возила на Бања Лука се обележани и паркирани пред Градската управа.

"Граѓаните имаат право да видат сè што е купено со нивни пари. Овие автомобили веќе нема да се паркираат на приватни паркиралишта по 16 часот", рече градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, како што објави порталот СрпскаИнфо.

Тој додаде дека се прават заштеди и даденото ветување се реализира една по една.

Минатата недела тој ги зема клучевите од сите службени возила и наведе дека повеќе нема да се користат за лични причини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега