Обама со јасна порака до Меркел: Нема „надгледување“ граѓани на Европа

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека и-мејл коресподенцијата на граѓаните на Европа не е надгледувана.

На прес конференција со германскиот канцелар Ангела Меркел таа изјави дека денешните разговори биле пријателски и отворени, а германско-американските односи се добри бидејќи како што рече, постојат заеднички вредности.

Меркел додаде дека разговарале за ситуацијата во Сирија и Авганистан како и акцијата Призма, и притоа оценуват германски аналитичари, внимателно изнела критики на сметка на американскиот систем за надгледување.

Обама нагласи дека мејл-коресподенцијата на граѓаните на Германија или Европа, не е надгледувана и постојат јасни стандарди односно одлуки на суд.

– Со нашите програми спасуваме животи, и во Германија, рече Обама.

најчитано сега