„Нулти пациент“ пристигнал од Косово, па направил забава: Италијански град е ново жариште на коронавирусот

Во италијанскиот регион Трентино-Алто Адиџе е регистрирано ново жариште на коронавирусот, откако лице после враќањето од Косово организирало забава каде што биле заразени најмалку 8 други лица.

„Нултиот пациент“ од новото жариште во Трентино не само што не ги почитувал мерките на задолжителен 14-дневен карантин, туку на 21-ви јуни тој организирал забава на која присуствувале повеќе од 20 луѓе, кои исто така претежно биле од Косово.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, неговата здравствена состојба се влошила на 24-ти јуни по што бил хоспитализиран.

Да потсетиме, Италија беше една од најпогодените земји на почетокот на ширењето на пандемијата на коронавирусот, а во земјата досега се регистрирани над 241 илјади заразени, а како последица на Ковид-19 починаа над 34 илјади луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа