Нухиу откри што изјавил градоначалникот на Боговиње во полиција за случувањата во Синичане

Настаните во Синичане, Боговиње, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во изјава за ТВ21, ги нарече обид на градоначалникот Аљбон Џемаили за да манипулира со жителите на Синичане, да ја вмеша полицијата, а самиот да излезе чист, прикривајќи ја неспособноста за реализирање на проекти.

Нухиу, за ТВ21, прочита и дел од изјавата на градоначалникот на Боговиње, кој рекол дека ќе ги повика жителите на Синичане да се откажат од водоводот додека не се комплетира целосната документација, а од друга страна пак, во Полициската станица во Тетово, изјавил дека може да ескалира безбедносната ситуација, што ја принуди полицијата да преземе активности за обезбедување на ред и мир.

„Градоначалникот отишол и изјавил во полиција дека ќе ги повика жителите на Синичане да се откажат од преземање на овие дејствија сѐ додека не се комплетира документацијата. А од друга страна, пак, самиот отишол во тетовската полиција и изјавил дека безбедносната состојба може да ескалира“, истакна Нухиу.

Не дека покренал сомнеж, туку на некој начин ја принуди полицијата да преземе активности во насока на креирање оперативни планови. Па така, кога го имаме барањето на градоначалникот, неговата изјава дека може да биде загрозена безбедноста, животот на граѓаните, кога се става под знак прашалник нарушувањето на поредокот и безбедноста, а од друга страна кога ги имаме писмените пријави од околните мештани, тогаш полицијата е принудена да прибере и други оперативни податоци. Од тие податоци ние дојдовме до заклучок да се изготви план и полицијата да биде испратена таму за да го зачува јавниот ред и мир. Нас нѐ интересира ниту еден граѓанин да не го загуби животот и да не биде загрозен животот на ниту еден граѓанин“, вели Агим Нухиу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега