Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција; предупредуваат од Националниот парк Шар Планина.

Од Националниот парк Шар Планина апелираат до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:
-движете се внимателно во планински услови
-избегнувајте ризични и стрмни терени
-користете соодветна безбедносна опрема

„Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата.
Безбедноста секогаш нека биде на прво место“, известуваат од Националниот парк Шар Планина.

Exit mobile version