Ножеви пиштоли крв - охриѓанец избоден во голема семејна тепачка

Вчера попладнето околу 12:30 часот настанала голема и крвава семејна тепачка на улицата „Ариф Мустафа“ во Охрид.

Од МВР информираат дека се степале петмината охриѓани Џ.И., Р.И., Б.Т., А.Т., Д.Т. и Г.Т. Ситуацијата излегла од контрола кога Д.Т. со нож го избодел Р.И., а Б.Т. пукал во воздух со сигнален пиштол.

Р.И. бил задржан на лекување во охридскиот Медицински центар. Од полицијата најавуваат соодветни пријави за учесниците во пресметката.