Новогодишна магија во Скопје - Блесна елката на Плоштад

 Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“ светна вечерва, а почна со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“. Со тоа, во Скопје официјално почнува празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во разновидна забавна програма.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките е сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без оглед на возраста. На овој простор има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма, што ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, што ќе почнува точно напладне. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега