Ново видео го потресе светот: Американската полиција 11 пати пукаше на тинејџер со аутизам (ВИДЕО)

Полицијата Солт Лејк Сити ранила 13-годишно момче со аутизам, на кого биле испукани дури 11 куршуми. Детето преживеало, но тешко е рането, со повредени коски и внатрешни органи.

Линдон Камерон од Солт Лејк Сити, кој пати од Аспергеров синдром, еден вид на аутизам, е ранет откако неговата мајка повикала полиција за да и помогнат, бидејќи Линдон доживеал нервен слом и не можел да се контролира, објавиле американските медиуми.

Мајката на Линдон, Голда Бартон, во пријавата до полицијата рекла дека момчето има пиштол, најверојатно воздушен и дека тој ден се заканил дека ќе пука во нејзиниот колега и ќе ги скрши прозорците во домот.

Исто така, додала дека детето има страв од униформирани лица и дека се чувствува прогонет кога ќе ги види. Објаснила дека Линдон мисли дека униформирани лица ќе го убијат.

На снимките, кои биле објавени денеска по законите на американската држава Јута, се гледа како полицаец го брка Линдон во доцните вечерни часови.

Потоа му довикуваат на детето да легне на земја, и на крајот се слушаат истрели.

Детето е рането и две недели по инцидентот и натаму е во болница.

Полицијата во Солт Лејк Сити соопштила дека во тек е истрага за овој случај и дека во неа се вклучило и обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега