Ново партерно уредување во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ наскоро ќе добие комплетно ново уредување на дворот. Станува збор за обновување на искршени бекатон плочки на пешачките патеки, пробивање нова пешачка патека, како и поставување нова урбана опрема и зеленило околу четирите згради на студентскиот дом, најави денеска Државниот студентски дом Скопје.

Оттаму информираат дека во соработка со Министерството за образование и наука ќе постават рампи за контрола на влез на возила на источниот и западниот пристап во комплексот, а на северната и јужната патека  заштитни столбчиња. Целта на поставувањето рампи е регулирање на сообраќајот за да се зачува новото партерно уредување. Рампите ќе бидат механички контролирани и ќе биде овозможен пристап од споредните сообраќајници во случај на потреба од специјално возило.

– Постоечките дотраени бетонски патеки ќе се реконструираат со павер елементи, а новите патеки со чакал и урбана опрема. Предвидена е и нова пешачка патека на западната страна од Блок Б, со која се олеснува пристапот од блоковите до булеварот, а со тоа и до автобуската конекција за студентите. До секој од споредните влезови од блоковите ќе биде овозможен пристап до рампите за инвалидизирани лица, соопшти Државниот студентски центар Скопје.

Централното зеленило меѓу блоковите има комплетно ново решение, со ниско и високо зеленило. Урбана опрема ќе биде поставена по целиот комплекс соодветно при што предвидено е да има 38 клупи, 9 корпи за ѓубре, 8 паркиралишта за 5 велосипеди како и нови инсталации за водовод, канализација, електрична и термотехничка инсталација.

Во овој студентски дом во тек е внатрешното уредување на собите во блоковите Б и Г кои беа реновирани. Целта на Државниот студенстки дом, како што соопштуваат, е сите студентски домови да обезбедат пријатен простор за престој и квалитетно студирање на сите студенти, како во внатрешноста на зградите, така и во дворните места.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега