Ново невреме ќе ја зафати Македонија за време на викендот- метеоролозите со детали

Во текот на утрешниот ден во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

За време на викендот, особено во попладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застаени во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електричнични празнења и услови за појава на град. Температурите на воздухот, особено во недела ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа