Ново дневно шоу на Сител Телевизија

Наскоро на Сител започнува забавното шоу „Магазин“.

Водителките Јана Серафимова и Јелена Богојевиќ ќе ве одведат во светот на познатите, но и не толку познатите.

Ќе ви покажеме како живеат славните?

Од прва рака ќе видите што е она што најмногу ги плаши, а на што најчесто се радуваат. 

Ќе стиснат заби и ќе одговараат на прашања што до сега никој не им ги поставил.

Ќе си ја отворат душата и искрено ќе говорат за нивните неуспеси и грешки. Кога се засрамиле, а на што се смееле до солзи.

Во Магазин Сања Димитровска и Александар Динев ќе разговараат со медицински лица, кои ќе не посоветуваат како до подобро здравје, животен стил, но и кои се здравите навики кои треба да ни станат пракса.

Интересни животни приказни од цела Македонија, анкети и игри со граѓаните на улица, незгодни прашања и забавни одговори поткрепени со пригодни награди, но и директни јавувања во студио.

50 минути возбуда,совети, забава и смеа. Плус забавни игри и прашања од фановите за гостите во студиото.

Се за емисијата можете да најдете FB на https://www.facebook.com/magazinsiteltv

Или ако сакате да ни предложите нешто или да не прашете пишете ни на email magazin@sitel.com.mk 

Отворено, искрено и без предрасуди – Магазин секој работен ден на Сител Телевизија во 10.00 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега