Најмалку две лица досега се приведени за состојбата со сметот во која беше доведен Град Скопје. Информацијата, рано попладнево ја потврди и Основното јавно обвинтиелство

„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик.“ – се вели во соопштението на ЈО

Членот 230 се однесува на загрозување на животната средина и природата со отпадни материи
Има 5 става.
1) Тој што спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата складира, остава или расфрла отпадни матерни или со нив постапува на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за жнвот на лугето или животните или растенијата и да го загрози нивниот опстанок, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2) Со казна од став 1 ќе се казни тој што складира, остава или расфрла отпадни материи или со нив постапува на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата, водотекот и со тоа ќе предизвика уништување или значително оштетување на шуми, растенија или други насади.
(З) Тој што складира, расфрла или остава опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, тератогеност, екотоксичност или својство на испуштање отровни гасови преку хемиска реакција и биолошко разложување, ќе се казни со затвор од четири до десет години.
(4) Тој што делото од ставовите 1, 2 и 3 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или затвор до една година.
(5) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна – стои во изборниот законик

Exit mobile version