Новиот закон за легализација на дивоградби не го опфаќа охридско – струшкиот регион заштитен со УНЕСКО

Невладините организации од Охрид  и локалната власт бараат одговори  од Владата врз основa на кој закон ќе се решаваат веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените објекти во охридскиот регион – дали врз основа на постоечкиот или новиот, кој е во фаза на носење, пренесува Алсат-М.

 

Охридскиот градоначалник вели дека новиот закон за легализација на дивоградбите, со кој се предвидува да не биде опфатен охридско-струшкиот регион е дискриминирачки за неговите сограѓани.

„Може е дискриминирачки за граѓаните кои живеат на овој посед, заштитен од УНЕСКО, и со сите оние урбанистички проблеми кои ние ги имаме, дека е  во однос на другите граѓани дискриминирачки. Ставот е поделен во однос на носење на тој закон и од страна на градоначалниците во ЗЕЛС, па ќе видиме каква ќе биде судбината на тој закон. Во тој предлог закон во став 4 е предвидено сите бесправно изградени објекти во Охридско струшкиот регион во границите на УНЕСКО, целиот тој регион да биде изземен од тој закон“, вели Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.

Во Охрид според регистарот на дивоградби има 1076 нелегални градби од кои 409 се во заштитениот појас, додека во Струга,3330. Министерот за транспорт Горан Сугарески веќе изјави дека по сите критики од УНЕСКО, не смее да се дозволи повеќе да се случуваат такви работи и затоа овој дел од државата ќе биде изземен. Со предлог законот се предвидува легализација на дивоградбите кои биле бесправно изградени до 1 октомври 2019, но  сега наместо 1 евро по метар квадратен за легализација, ќе се наплаќаат 100% за комуналии и дополнителни 50 отсто казна поради незаконското градење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега