Новиот премиер на Полска Матеуш Моравјецки положи заклетва

 

Матеуш Моравјецки денеска положи заклетва како нов премиер на Полска, наследувајќи ја Беата Шидло, која во неговата Влада е именувана за заменик премиерка одговорна за социјална политика. 

Моравјецки и Шидло практично ги заменија нивните функции. 

Минатата недела Шидло поднесе оставка на функцијата под притисок на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПИС), која се обидува да го подобри имиџот на Полска во странство и да се подготвни за претстојните избори. 

Четириесет и девете годишниот Моравецки, кој беше досегашен вицепремиер и министер за финансии треба да ја претставува земјата во спорот со Европската унија, во врска со обвинувањата од Брисел дека со измените на законите за судскиот систем Варшава ги поткопува демократијата и владеењето на правото. 

Новиот полски премиер утре ќе ја претстави неговата програма пред Долниот дом на Парламентот, каде треба да му биде изгласана доверба. 

 

 

 

11.12.2017 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа