Новиот Кривичен законик е поднесен во Собранието, брифираат собраниски извори за Press24.
Предлог-законот сѐ уште не е објавен од страна на Законодавниот дом, но тоа се очекува да биде во најскоро време. Според наши информации, пратениците првично правеле и консултации со Уставниот суд, со оглед на тоа што новиот Закон доаѓа откако Уставен му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги смени спорните одредби.
Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски тогаш кажа дека законот направил непоправлива штета за правната држава. На 6 септември 2023 година, Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции, особено што со измените беа намалени казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување. Иницијативата беше поднесена од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. Во неа се наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот.
Актуелно
- Уништени над еден тон небезбедни производи во објекти за „здрава храна“
- Еден метар снег на Попова Шапка, денеска променливо и ветровито со температура до 13 степени
- Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
- Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
- Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
- Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
- Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
- (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот


