Новиот градоначалникги собра сите клучеви: Никој во Штип веќе нема да се вози во службена кола

Новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов денеска ги собра сите клучеви од службените возила. Како што најави ВМРО-ДПМНЕ во кампањата новите градоначалници од оваа партија нема да користат службени возила.

Како што најавивме во време на финансиска криза ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци. Од денес па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под локална самоуправа, идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила. И на овој начин истите возила ќе ги ставиме во функција на службите на Општина Штип за да бидат сервис према граѓаните.

 

Со ова ги кратиме непродуктивните трошоци, но и ја подобруваме функционалноста на Општината.

26.10.2021 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега