Новиот градоначалник го зграби клучот на градот: Од денес вратата Ви е секогаш отворена

Денеска се случи и примопредавањето на фунцкијата - нов градоначалник на Општина Велес. Поранешниот градоначалник, Аце Коцевски, свечено му ја предаде функцијата градоначалник на Велес, на новиот татко на градот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев.

 Новиот градоначалник, Колев, изјави дека од денеска вратата за сите велешани била отворена.

„Од денес вратата на Општина Велес Ви е секогаш отворена!

Одговорно и мотивирано застанувам во служба на Вашите барања, проблеми и интереси.

Ви ветувам дека чесно, посветено и со многу труд, сите заедно ќе чекориме кон модерен, безбеден и просперитетен Велес“-потенцираше Колев.

Освен градоначалничката позиција, беа врачени и решенијата на советниците за Општина Велес. Новите 23 советници кои ќе раководат со Општината се, припадници на партиите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и на ДУИ.

Ова се имињата на членовите на новиот Совет на Општина Велес:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата: Зоран Љутков, Коста Нојков, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Дејан Палашев, Кирил Лазаров, Драган Димески, Игор Стојанов, Менка Андреева, Елизабета Митревска-Анѓелеска, Даниел Јаневски.

Од СДСМ и Коалицијата: Марјанчо Николов, Катерина Ефремова, Тодор Јаковлевски, Милица Ристовска-Темелковска, Ќирил Гајдов, Ружица Петрушевска-Николовска, Менсур Бачевац, Пандорка Лазаровска-Прличкова.

Левица: Димитар Абрашев, Игор Смилев, Маргица Урумова.

ДУИ: Невзат Муаремовски.

Простувајќи се од својата функција после два мандати, поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, како што следува, даде завршно обраќање, преку социјалните мрежи.

„Во трите мандати, севкупно 12,5 години се трудев да ви служам и да бидам градоначалник на сите. Без разлика на Вашата етничка, верска, полова, старосна или социјална припадност.

Голема чест е, но и уште поголема одговорност е да се биде градоначалник на Велес, затоа што е град со посебно место и улога во образованието, просветата и културата на македонскиот народ и држава“-напиша Коцевски на социјалната мрежа „Фејзбук“.

27.10.2021 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа