Новинар тешко повреден на протестот за „Монструм“

На вчерашниот протест за „Монструм“ новинар се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

- На 26.02.2021 околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 49-годишниот Б.С. од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега