Новинар на „New York Post" пишува: Карантинот беше огромна грешка, овие двајца профитираа најмногу

Дали „локдаунот", односно целосното затворање, во земјите ширум светот беше грешка? "New York Post" пишува дека изгледа дека одговорот на ова горко прашање е потврден.

Карантинот секако беше нешто ново. Како што пишува романописецот Лајонел Шрајвер: "Никогаш претходно не сме реагирале на зараза со затворање на цели земји". Азискиот грип од 1957 до 1958 усмртил 70.000 до 116.000 Американци, односно од 0,4 до 0,7 проценти од Американската популација. Хонконшкиот грип од 1968-ма до 1970-та година убил околу 100.000 луѓе, пишува Мајкл Барон. 

Досега коронавирусот во САД однел 186.000 животи. Бројката сигурно ќе расте, но отприлика е иста како и во текот на споменатите епидемии на грипови, а за помладите од 65 години коронавирусот е помалку смртоносен од грипот. Сепак, тогаш немало ни национални карантини, ни масовно затворање на училишта, компании, фабрики, ресторани и училишта.

Зошто денес ставовите се толку различни: Можеби имаме повеќе доверба во делотворноста на владите. Ако јавната политика може да влијае на климатските промени, може и да го сузбие вирусот, продолжува Барон. Освен тоа, не сме многу склони на ризик. Децата не смеат да пешачат до училиште, спортистите исчезнале од игралиштата, студентите се штитат од микроагресијата. Имеме "безбедносен начин на размислување", како што Џонатан Хаидт и Грег Лукијаноф пишуваат во книгата "The Coddling of the American Mind".

Така веста за тоа дека "Ковид-19" усмртил десетина луѓе и ги преоптоварил болниците во Бергамо предизвикала бегство кон безбедноста и ограничувања. Многу Американци престанале да одат во ресторани и работници дури и пред локдаунот во март и април. Претераните проекции на некои епидемиолози, кои биле професионално заинтересирани за предвидување на пандемијата, предизвикале барања за делување на националните влади.

Такавеста дека ковид-19 усмртил десетина луѓе и ги преоптоварил болниците во Бергамо предизвикала бегство кон безбедност и ограничувања. Многу Американци претстанале да одат во ресторани и продавници дури и пред локдаунот во март и април. Претераните проекции на некои епидемиолози, кои биле професионално заинтересирани за предвидување на пандемијата, предизвикале барања за делување кон националните влади.

Оправданите стравови дека болниците ќе бидат претоварени со пациенти ги објаснуваат наредбите на гувернерот на Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија и Мичиген, домовите за постари лица да прифаќаат пациенти заразени со ковид-19. А првобитната цел за "израмнување на кривата" преминала во "отстранување на вирусот".

Сепак, очигледниот успех на Јужна Кореја и островските држави, Тајван, Сингапур и Нов Зеланд, не можел да се повтори во континенталните и глобализирани Соединети Американски Држави, истакнува Барон.

Гувернерите во сојузните држави кои наметнувале локдаун тврделе дека ја следат науката. А ја следеле науката само во една димензија - намалување на непосредниот број на случаи на ковид-19. Карантините исто така спречиле прегледи за карцином, лечење на срцеви удари и советувања за злоупотреба на дрога, чиј недостиг резултирал со големи и тешко проценливи броеви на смртни случаи. За тоа што Хаидт и Лукијаноф го нарекле "одмаздољубиво заштитништво", се покажало дека не пружа премногу заштита.

Примерите покажуваат дека се понижувале луѓе на плажите иако ширењето на вирусот на отворено е минимално, дека се одложувало отворањето на училиштата иако малку деца заболувале или ја ширеле инфекцијата, дека се забранувале црковни обреди, а истовремено се дозволувале демонстрации за политички посакувани цели, пишува Барон.

Новото размислување за карантините, како што Грег Ип минатата недела пишувал во "Wall Street Journal", вели дека се претерани и скапи. Тоа е во склад со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп од средината на април, дека долготраен локдаун во комбинација со економска депресија нанесува огромна и сеопфатна штета по јавното здравство.

За многу таа економска штета е во размерите на Големата депресија. Рестораните и малите претпријатија се затворени засекогаш, дури и пред урбаните нереди во последните три месеци. Загубите се концентрирани кај оние со мали примања и малку имот, додека карантините го зголемиле нето богатството на Џеф Безос и Марк Закерберг за десетина милијарди долари.

„Антилокдаун" блогерот Алекс Беренсон изнесува силен аргумент дека карантините само ја одложиле, но ја спречиле инфекцијата.

Во ова има и некои стари лекции. Владите можат понекогаш да ја канализираат, но никогаш не можат целосно да ја контролираат природата. Нема начин ризикот сосема да се елиминира. Обидите да се намали еден ризик можат да го зголемат други ризици. Во такви неизвесности, луѓето грешат. Како што можеби, се случи со карантините, заклучува Барон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа