Новинар на Дојче веле е ослободен по 20 дена поминати во белоруски затвор

Белорускиот независен новинар Александар Бураков, кој работи за германски Дојче веле денеска беше ослободен после 20 дена поминати во затвор во Белорусија, пренесе вечерва Дојче веле.

 

„Многу ми олесна што нашиот колега излегува речиси неповреден после нелегалното затворање, но зголемувањето на државното насилство врз новинарите е се повеќе загрижувачко“, изјави директорот на Дојче веле, Петер Лимбург.

 

Според неговите зборови, се повеќе е „очигледно дека белорускиот режим сака да ги задуши последните независни гласови и тоа со сите потребни средства“.

Бураков е уапсен на 12 мај додека известуваше за судењето на опозиционерот Павел Севјарињец. Новинарот три дена подоцна беше осуден заради учество на „недозволен настан“.

Новинарот, како и уште еден негов колега кој беше уапсен заедно со него, рекол дека во затворот бил „измачуван и со него било постапувано нехумано“. Букаров рекол дека затворските чувари ноќе го буделе неколку пати и го терале да ја соблече облеката.

Во Белорусија се одржуваат антивладини протести од спорните претседателски избори во август 2020 година, на кои Александар Лукашенко го освои шестиот по ред мандат.

01.06.2021 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега