Нови закони во ргионот: Ако сте уморни или болни додека управувате со автомобилот ќе платите 250 евра казна

 
 
 
Ако досега мислевте дека во Македонија полицијата казнува за се и сешто, ќе сфатите дека баш и не е така откако ќе ги погледнете казните во Хрватска, на пример.
 
– Ако сте уморни или болни додека управувате со автомобилот (како ли полицаецот ќе го утрди тоа) ќе платите 250 евра казна.
 
– Ако возите со кал на гумите ќе платите околу 150 евра казна (добро, слична казна има и кај нас).
 
– Ако оставите отворен прозор од автомобилот откако излезете од него, ќе платите 20 евра казна, а исто толку ќе ве чини ако ги оставите клучевите во автомобилот и излезете од него или го напуштите а го оставите моторот да работи.
 
– Хрватите плаќаат казна од 20 евра ако излезат од автомобилот додека тој е во движење или ако ја отворат вратата додека се движат а казна од 75 евра се плаќа ако возите човек во камп приколка.
Затоа ако планирате зимава да заминете во Хрватска на одмор, имајте ги овие казни во предвид.
 

 

 

14.03.2018 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа