Нови тензии на Балканот: Албанците го запалија грчкото знаме и порачаа „ морето е наше“ (ВИДЕО)

Три вооружени, маскирани лица во воени униформи го запалија грчкото знаме во Ксамил, на југот на Албанија.

Како што пренесува Сарандавеб, еден од нив го полеал грчкото знаме со бензин и го запалил, додека другите двајца го држеле албанското знаме зад него.

Се чини дека инцидентот се случил по дебатата за проширувањето на Грција од 12 милји во Јонското Море.

Овие луѓе испратија порака до Грците „Морето е наше“.

Потребни се преговори затоа што албанскиот Уставен суд го поништи договорот од 2009 година, кој беше потпишан од владата на конзервативната Демократска партија.

Социјалистите, кои во тоа време беа во опозиција во Албанија, го оспорија договорот пред судот, тврдејќи дека тој ќе ја чини земјата 225 квадратни километри територијални води.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега