Нови правила: Ковид сертификатите не важат без трета доза

Европската комисија предложи употребата на сертификатите да се ограничи на 9 месеци од примањето на втората доза, а важноста на документот да не се продолжи доколку не се добие трета доза од вакцината против COVID-19.

Доколку овој предлог го усвои Советот на ЕУ, ќе почне да важи од 10 јануари.

„Сега е возможно да се додаде и бустер доза во сертификатот, а лицето кое ќе добие трета доза ќе се смета за целосно вакцинирано“, вели европскиот комесар за правда Дидие Рејнердс.

https://a.kajgana.com/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=12&source=node/102152%20mk%20article&loc=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fbez-treta-doza-kovid-sertifikatite-nema-da-vazhat-podolgo-od-9-meseci&cb=43ae65e4b2

На конференцијата за медиуми во Брисел, Рејнердс нагласи дека научните докази покажуваат дека ефикасноста на вакцината опаѓа по 6 месеци од целосната вакцинација.

„Затоа кога станува збор за валидноста на сертификатот, предложуваме уште три месеци за давање на бустер доза. По 9 месеци сертификатите нема да се признаваат доколку не се добие и бустер доза“, вели Рејнердс.

 

25.11.2021 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега