Нови обвиненија против Рон Џереми, му се заканува казна од 330 години затвор

Кога ќе се соберат сите обвиненија кои се поднесени против порноактерот Рон Џереми, максималната казна затвор ќе изнесува повеќе од 300 години.

Обвинителите подгинаа седум дополнителни тужби за сексуални напади против познатиот порноактер Рон Џереми, поради што сега, ако му се земат во предвид и претходните обвиненија, му се заканува затворска казна поголема од 300 години.

Седум нови точки кои се поднесени во окружното обвинителство во Лос Анџелес вклучуваат тужби од шест жени и датираат од 1996 година, се наведува во соопштението на обвинителството.

Тужителите тврдат дека во периодот од 1996 година до 2002 година Џереми злоставувал најмалку 23 жени. Најмладата жртва имала само 15 години.

Доколку Џереми биде осуден по повеќе од 30 точки од обвинението, ќе се соочи со максималната казна од повеќе од 300 години затвор, пренесува NBC News.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега