Нови мерки во Баварија- пазарување само со закажување и негативен тест

Во германската покраина Баварија од денес може да се оди во многу продавници само со закажан термин и негативен тест.

Ова ново правило важи во сите региони каде што има зголемен број на заразени.

Продавниците за храна, супермаркетите, дрогериите, оптичарите и аптеките се изземени од оваа мерка.

Купувачите можат да влезат во сите други продавници само доколку имаат закажано термин и доколку биле тестирани на коронавирус.

ПЦР-тестот за влегување во продавница важи најмногу 48 часа, а антигенскиот 24 часа.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега