Нови дојави за бомби во скопски училишта - се евакуираат учениците, полицијата на терен

Повик за брза евакуација ги вознемири утрово некоја минута по 9.30 часот учениците и вработените во скопската гимназија „Никола Карев“ откако им беше кажано мирно и без паника да ја напуштат зградата, пренесува порталот МКД.мк.

На службениот мејл на училиштето пристигнала нова, веројатно десетта по ред, закана за поставена бомба во објектот. Евакуација има и во „Орце Николов“

Пред гимназијата можат да се забележат припадници на специјалната полиција. И пред два дена во гимназијата имаша пријава за поставена бомба, а тогаш имаше пријави во уште девет училишта, а за првпат и во Народната банка. 

Сите досегашни пријави се покажаа како лажни.

09.12.2022 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега