Нови детали за трагедијата во Стара Пазова: Воспитачката сакала да основа семејство, но не со полицаецот, па тој решил да ја разнесе со рачна бомба


 Павле од Сатара Пазова, активираше рачна бомба во автомобил  и се самоуби заедно со Марина со која бил во тајна врска, на спореден пат помеѓу Батајница и Стара Пазова.

Мештаните кои ги познавале се уште се во шок, дека овие двајца млади луѓе повеќе ги нема помеѓу живите.

За нивните семејства сите имаат пофални зборови, но сите се прашуваат зошто се мораше да заврши вака.

Меѓутоа дека имало проблеми во нивната љубивна врска сведочи и пријателка на Марина на која и се доверила.

- Таа пред месец дена раскина долга врска со момчето и почна да се гледа со Павле. Овојпат цврсто реши да раскине со него секаков контакт и да се врати на старата љубов, за да може да основа семесјство, за разлика од неа Павле имал сопруга и две деца. На неколку пати ми се довери дека се плаши како Павле ќе изреагира, бидејќи во последно време бил малку чуден- раскажала пријателката на Маина.

Откако утрината не се појавила на работа, колешките на Марина веднаш се јавиле кај нејзините родители и рекле да се јават во полиција бидејќи се сомневаат дека нешто лошо и се случило.

-Таа во понеделникот навечер се сретна со Павле и се обиде на еден човечки начин се разделат, а дури сленото утро кога е пријавено дека не се појавила на работа е најдено нејзиното тело. Не се точни гласините дека таа го терала Павле да се разведе. Сакаше секој да си продолжи по својот пат, но очигледно тој не можел да го поднесе тоа- вели пријателка на Марина, па додава дека некои од нејзините познаници се сомневале и дека Марина е бремена, мислеле дека тоа е причина за нивната средба.

Двајцата ќе бидат погребани утре, Марина во 13 часот  на новите гробишта во Нова Пазова, а Павле еден час после неа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега