Пет години во барот „Ле Констелашн“ во швајцарскиот туристички центар Кранс-Монтана не била извршена безбедносна инспекција, покажуваат првичните наоди од истрагата за трагедијата што се случи за време на новогодишната ноќ, во која загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени, објави Би-Би-Си.

Според прелиминарната истрага, пожарот избувнал откако прскалките – дел од забавниот украс – ја запалиле звучната изолација на таванот. Пенестата облога, која служела за апсорпција на звук, никогаш не била тестирана за отпорност на оган.

Градоначалникот на Кранс-Монтана, Николас Феро, потврди дека објектот не бил прегледан од 2019 година, признавајќи сериозни институционални пропусти.

„Жалиме за ова – им го должиме тоа на семејствата и ќе ја прифатиме одговорноста“,
изјавил Феро на прес-конференција.

Тој откри дека само пет инспектори биле задолжени за надзор на повеќе од 10.000 објекти, меѓу кои хотели, ресторани и ноќни клубови. Истражителите утврдиле дека последната контрола во барот била површна и се однесувала исклучиво на надворешната тераса.

„Секогаш ќе се сеќавам на таа ноќ и на тагата на семејствата“,
рекол Феро на крајот од обраќањето.

И покрај силните јавни критики, градоначалникот одбил да поднесе оставка.

„Не го напуштаме бродот сега“,
истакнал тој, додавајќи дека „и градот е жртва во овој случај“.

По трагедијата, локалните власти итно ја забранија употребата на прскалки во сите угостителски објекти во регионот.

Exit mobile version