Нови детали за сообраќајката кај Млечен ресторан - моторџијата почина, а бремената сопруга се бори за живот

 

Тешка сообраќајна нессреќа се случи вчера попладнето во близина на “Млечен ресторан” на Улицата “Теодосија Гологанов”.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Цитроен Крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот В.Ч. од Скопје и моторцикл „Дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Г.Д. од Тетово. Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и 31-годишната Н.Д. од Тетово.

Тетовчанецот Гоце Д. починал од тешките повреди на главата , имал фатални повреди бидејќи не носел кацига, дознава Досие.мк.
Неофицијално од семејството, Досие дознава дека неговата сопруга Наташа Д. по професија адвокатка, била бремена и се уште во критична состојба. Лекарите и ги оперирале нозете на кои има огромни повреди и загуба на крв од телото. Таа носела кацига во моментот на ударот.
Полицијата истражува зошто возачот завртел на семафор во забранет правец и така им го пресекол патот на Гоце и Наташа и ги покосил.

 

 

 

13.10.2018 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега