Нови детали за смртта на српската докторка -била во тешка депресија, сопругот и синот откриле што ја мачело

50-годишната докторка Виолета Скоробаќ Ашанин од Белград, сопственичка на клиниката за естетска хирургија и еден од најдобрите пластични хирурзи во Србија, се самоуби во неделата во својот стан поради тешка депресија, затоа што имала проблеми на работа, покажуваат првите резултати од истрагата.

Поради епидемијата коронавирус, нејзината клиника слабо работела, што многу ја погодило докторката.

Страшната трагедија се случила во станот на Виолета во строгиот центар на Белград. Со неа во станот биле нејзиниот син и сопругот.

Докторката попладнето земала тајно нож од кујната и го однела во купатило, додека нејзините домашни не се ни посомневале што има во план да направи. Бидејќи долго време не излегувала од купатилото, сопругот и синот ја скршиле вратата и ја затекнале мртва во локва крв.

Тие пред полицијата рекле дека воопшто не се надевале дека ќе дојде до ваква трагедија. Забележале дека Виолета се грижи што поради пандемијата работата ѝ виси на конец, но не се надевале дека тоа толку ја погодило за да крене рака на себе. Се чини дека никој од околината не забележал дека паднала во тешка депресија, затоа што се обидувала тоа да не го покаже.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа