Нови детали за смртта на Андор: „Беше тажен, испи апче и веќе не се разбуди“

Петнаесетогидшниот Андор О. е пронајден вчера мртов во куќата на бабата на неговиот другар, 20-годишниот В.Б. во Бачка Топола, каде дошол после полноќ за да преспие.

Претходната вечер Андор бил на забава после која не се вратил кај тетка му кај која инаку живеел, туку отишол кај другарот да преспие.

83-годипната Е.А. баба на неговиот другар, вели дека момчето и нејзиниот внук завчера биле на забава и доцна се вратиле.

-Заспав околу 22 часот. За време на ноќта ме разбудија и ме замолија Андор да преспие во другата соба, бидејќи мојот внук во собата има само еден кревет. Не знам колку часот беше, прво разговараа пред врата, а потоа влегоа во соба и тука разговараа, доцна легнаа. Не знаевме дека детето починало, додека утрината не дојде неговиот татко да праша дали е тука неговиот син - раскажала бабата во солзи, пренесува „Србија денес“.

-Околу 8 часот дојде таткото на момчето да праша каде е. Реков да погледне во собата, бидејќи не го видов да стане. Таткото го најде таму, а тој лежше покриен и не покажуваше знаци на живот. Таткото почна да вика: „Стани сине“, но тој починал. Сите сме во шок, не знаеме што се случило - рекла бабата и додава дека веднаш викнале Итна помош.

Другарот на момчето е во шок и вели дека Андор и тој слушале музика до доцна вечерта во неговата соба, а после тоа неговиот другар рекол дека не сака да оди дома.

-Се пожали дека го боли глава, па испи бруфен, за кој ми рече дека негде го добил и отиде да спие. Алкохол не пиеше, пиевме сок. Утрината беше мртов - раскажал другарот на Андор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега