Нови детали за мрачното минато на принцот Ендру: Угостил педофилот милионер и малолетнички во кралската палата

Напорите на британскиот принц Ендру да се дистанцира од осудуваниот педофил Џефри Епстајн, кој неодамна се самоуби во затворска ќелија во Менхетен, не вродија со плод.

Напротив, се појавија се повеќе докази дека синот на кралицата Елизабета, со години се дружел со Епстајн во друштво на малолетничките.

Така британските медиуми откриле дека принцот Ендрју дури и го угостил педофилот милијардер во Балморал, кралската резиденција и тоа додека само престојувала и самата кралица.

Наводно, една од девојките која била на тој пат, рекла дека принцот организирал забава во средината на 1999 година, кога Епстајн веќе на големо почнал да заведува малолетнички на забави за богати.

Снимебил бил и како ѕирка низ дрвената врата на една вила во Мехетен додека се поздравува со млада бринета која ја напуштила куќата за 69 милиони евра.

Да потсетиме, во јавноста се појави и снимка од принцот Ендру како лежерно отвора врата во вила на Епстајн и се поздравува со една девојка.

На снимката се гледа како после поздравот проверува дали можеби некој бил сведок на оваа средба.

Видеото било снимено на 6 декември 2010 година, кога принцот бил во посета на вилата на Епстајн, која многу од жртвите ја нарекуваат „куќа на ужасот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега