Нови детали за монструмот кој си ги уби децата во Загреб - познато зошто сите на фотографиите се ведри и насмеани

Австриецот кој си ги уби трите деца во Загреб, Хоралд Копиќ се уште е во болница и наводно почнал да комуницира со лекарите.

Одредени тестови и понатаму се изведуваат, а потоа, денеска или утре, треба да биде пуштен од болница. Се очекува дека после излегувањето од болница ќе го испитаат истражувачи.

Во меѓувреме, неколку свеќи горат пред зградата во која се случило страшното убиство.

„Полицијата била тука цела ноќ. Говореа некои работи цело време. Претпоставувам дека се собрани сите докази. Искрено, се уште не можеме да веруваме дека тие деца ги нема и дека никогаш нема да ги слушнеме нивните гласови и смеа повторно на балконот. Тој човек имаше татковска љубов, не е можно да изврши такво злосторство“, рекол сосед за „Јутарњи“.

Познаник на Копиќ за новинарите изјавил дека „единствена искрена порака која Копиќ ја напишал била последната негова објава. Тоа ги запрепастило сите“.

„Сите статуси и фотографии кои ги објави до петокот вечерта немаа искрена природа. Се грижеше за позитивниот имиџ, посебно да се види колку љубов има кон децата и дека е добар татко. Местеше фотографии на кои изгледаат прекрасно и ни ги испраќаше, а децата навистина го сакаа затоа што очигледно вешто ги измамил“, рекла неговата познаничка.

28.09.2021 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега