Нови детали за караницата помеѓу браќата поради Меган: Поради една причина Хари експлодирал од бес

 

За нарушените односи помеѓу принцот Хари (36) и принцот Вилијам (38) се зборува веќе подолго време, а за новата книга за британското кралско семејство „Битката на браќата“ од Роберт Лејси се откриваат детали.

Кога минатата година Меган Маркл доби чест да биде една од уредничките на британското издание на магазинот Вог, кој објави список на 100 највлијателни и најмоќни жени кои создаваат позитивни промени во светот, британските медиуми не беа толку критични како што обично се кога станува збор за потези на поранешната актерка.

Војводата од Кембриџ, наводно, била против идејата Меган да го уредува Вог и да избере список на највлијателни жени од самиот почеток. Некои постари членови на британското кралско семејство се согласија со него.

Вилијам отишол да разговара со неговиот помлад брат, а темпераментниот Хари буквално експлодирал. Во тоа време, дури ни војводата од Кембриџ не можел да остане смирен, па разговорот брзо се претворил во расправија. Од тој момент, раздорот меѓу принцовите станал подлабок.

Нарушените односи меѓу синовите на принцезата Дајана беше забележлива кога Хари и Меган дојдоа на заедничкото летување со кралско семејство во Сардингем на крајот на август, а медиумите шпекулираа дека е многу веројатно Хари и Меган да ја одбијат поканата да го поминат Божиќ со кралското семејство во палатата.

Кралицата сè уште е убедена дека барем Хари ќе дојде во посета бидејќи наводно им наредила на слугите да ја подготват неговата поранешна резиденција во колибата Фрогмор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега