Нови детали за истрагата - Срѓан од Врање го убил друг ловџија

Јавното обвинителств во Врање на основа на понудените докази, утврдило дека Срѓан Џорџевиќ (37) од Врање е убиен во недела наутро од немарност.

Веднаш по убиството, уапсен е А.С со кој Срѓан бил во лов.

Предметот е доставен до Оновното обвинителство, бидејќи се работи за кривично дело„убиство од немарност“, а според наведеното му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

Џорџевиќ инаку бил убиен на лов, во неделата во раните утрински часови, а се сомнева дека во него е пукано од пушката на друг ловџија кој често одел заедно со него на лов.

Инаку Џорџевиќ е припадник на Војката на Србија, а неговите соседи со тага зборуваат за овој несреќен случај.

Зад себе оставил сопруга и ќерка од годинка ипол.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2019 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега