Нови детали: Роднините го украле починатиот пациент оти мислеле дека ќе треба да платат 500 евра

Лицата што дошле во болницата за да го украдат починатиот пациент се плашеле од тоа да не им побараме да платат 500 евра, изјави за Плусинфо, директорот на струмичката болница Наќе Гогов.

– Никој од нашата болница не им побарал никакви пари на луѓето. Можеби тоа го сториле погребалните оператори, но тоа нема никаква врска со нас – рече Гогов.

Тој објасни дека на пациентот не му бил направен тест за ковид-19, бидејќи, како што истакна, немало време за такво нешто.

– Ние немаме увид во тоа со кого контактирал пациентот пред да биде примен во нашата болница. Тој беше донесен без направен тест за ковид-19. Сопругата и ќерката го донеле во 10 часот, а во 14 часот веќе бил погребан. Немало ни време за да му се направи тест за коронавирусот – посочи Гогов.

Инаку, станувало збор за 49-годишен пациент од Струмица кој бил хоспитализиран со зголемена телесна температура, со висок крвен притисок и малаксаност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега