Нови детали: Пожарникарите го кренале автобусот со багер за да ги извадат жртвите

Пет патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, а еден е во тешка состојба кога патнички автобус на компанијата „Дурмо турс“ со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел.

Како што пренесува СДК.МК. пожарникари влегувале внатре во автобусот за да ги вадат повредените патници. Како што вели за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот Владимир Симоновски, најпрво автобусот бил подигнат со багери а потоа со специјалната опрема се направил отвор и низ него влегувале пожарникарите.


- „Извадивме 18-19 повредени, најпрво бремена жена, потоа останатите кои даваа знаци на живот. Моравме со багери на жителите да интервенираме оти автобусот беше многу уништен. Интервениравме со 4 противпожарни возила и 10 пожарникари. Се движел по автопатот Скопје-Тетово и потоа пресекол три ленти и излетал преку стариот пат во провалија“, вели командантот на Пожарна Владимир Симоновски, за СДК.МК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2019 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега