Нови детали од Приштина: Петмина дури седум часа го силувале 11-годишното девојче

Во медиумите од регионот беа објавени нови детали за инцидентот кој го згрози Балканот, а се случи во Приштина.

Во вторникот беше уапсен петтиот осомничен за силувањето Ш.К. откако претходно во Приштина беа уапсени Е.Р. (26), Г.Р. (16), Г.Ј. и Џ.С. кои исто така се малолетни.

Новите информации покажуваат дека овиет пет лица дури седум часа го силувале 11-годишното девојче, а одреден им е притвор.

Случајот во полиција бил пријавен од мајката на несреќното девојче.

02.09.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега