Нови цени на горивата од полноќ

Денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ќе заседава и ќе донесе одлука за зголемување или намалување на цените на горивата по полноќ.

Моментално, цената на Еуросупер БС-95 изнесува 73 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 75 денари за литар. Цената на дизелот е 64,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се продава по цена од 64 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот изнесува 39,864 ден/кг.

Дали ќе има покачување или дополнително поевтинување на горивата, останува да видиме од одлуката на Регулаторната комисија која ќе ја донесе утрово, по што дополнително ќе информираме за новите цени.

27.12.2021 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа