Нови 30 дена притвор за ексшефот на кабинетот на Мијалков

Кривичниот совет на скопска единица по барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му го продолжи 30-дневниот притвор на Тони Јакимовски – поранешниот шеф на кабинетот на ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, пренесе Макфакс.

Тој е осомничен дека заедно со уште две лица, вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање кои исто така добија нови 30 дена притвор, за проневера на пари од тајната полиција.

Осомничените во 172 наврати подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата -„главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 50.670.000 денари или приближно 823 илјади евра.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега