Нови 2.152 заразени со коронавирус во Грција, 87 лица починаа

Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирани 2.152 новозаразени  и 87 смртни случаи од ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 97.288 лица, а од почетокот на епидемијата починаа вкупно 1.902 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Во грчките болници, приклучени на апарати се 597 пациенти, 35 повеќе од вчера.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната прес конференција рече дека од здравствениот систем е под притисок, но издржува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега