Нови 17 случаи на корона вирус во Тиквешијата: Најмладиот пациент има15 години

Денес во Кавадарци се регистрирани 14 позитивни пациенти на Ковид-19. Станува збор за лица на возраст од 15 до 77 години, пишува „Фокус“.

 

Исто така, корона вирусот започна да се шири и во Неготино, каде денес има тројца нови пациенти, на возраст од 40, 50 и 64 години.

-Во Кавадарци сите новорегистрирани се на домашно лекување, со лесна клиничка слика. Во Неготино пак, едно лице е хоспитализирано, останатите две остануваат на домашно лекување. Се тестирале поради покачена температура – информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Со денешните резултати, во Кавадарци има 75 активни случаи, додека во Неготино активни се 11. Од центарот појаснуваат дека се очекуваат резултати за повеќе лица на кои им е земен брис, во тек на денешниот или утрешниот ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега