Нови 105 мртви од коронавирусот

Бројот на жртвите од новиот коронавирус во Кина достигна 1.765 луѓе откако во провинцијата Хубеи беа регистрирани вчера 105 нови жртви.

Бројот на новите случаи на зараза во Хубеи достигна 1.933 луѓе, мало зголемување по три последователни падови на таа цифра. Вкупно во Кина се заразени најмалку 17.400 луѓе.

Вон Кина се потврдени речиси 600 случаи на заразени во 30-на држави, но има само пет смртни случаи – по еден во Хонг Конг, Тајван, Јапонија, Филипини и Франција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега